Промоција на туризмот на Србија во Скопје

5

Промоција на туризмот на Србија ќе биде одржана денеска во Скопје во организација на српската Туристичка организација во соработка со Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во Северна Македонија.

Промотивниот настан ќе ги собере на едно место претставниците на хотелската индустрија и на туристичките агенции од Србија и од земјава.

На работилницата ќе учествуваат 14 туристички организации и преку 40 претставници од бизнис секторот од Србија. Предвидено е обраќања да имаат српската амбасадорка во земјава Невена Јовановиќ и в.д. директорката на Туристичката организација на Србија Марија Лабовиќ.