Пронајдени две лица починати, со повреди во кумановско Табановце

5

Две лица починати, со повреди, пронајдени се во нивниот дом во кумановското село Табановце, соопштија денеска од полицијата.

-Денеска во 8:20 часот во СВР Куманово било пријавено дека во нивниот дом во село Табановце, кумановско, биле пронајдени починати, со повреди, Б.С.(36) и Б.С.(43) од селоТабановце, соопштија од МВР.

Полициските екипи се на местото и во координација со Основно јавно обвинителство Куманово се врши увид на местото и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Од полицијата и од Јавното обвинителство најавија повеќе информации во текот на денот.