Пронајден и вториот пилот на МиГ-от што се урна во Хрватска

0

Авион МиГ-21 на Хрватската армија денеска се урна во близина на Дарувар, јавија хрватските медиуми.

Авионот се урна кај Слатина во ненаселена шумска област во Вировитско-подравинската жупанија за време на обука.

Хрватските медиуми јавија дека е пронајден и вториот пилот по кој се трагаше. Првиот беше пронајден веднаш.

Според хрватското Министерство за одбрана, авионот се урнал кусо пред 14 часот во областа Слатина.

Пилотите се катапултирале пред да се урне авионот.