Пронајден 25-годишниот битолчанец Петар по кој се трагаше два дена

3

Дваесет и пет годишното момче од Битола, Петар Дрогришки, по кое се трагаше два дена, денес е пронајден. Веста ја објави сестрата на Петар, Сара Исијановски на социјалните мрежи која напиша дека тој е најден и дека е жив и здрав и се заблагодари на јавноста за поддршката но и на оние кои учествуваа во потрагата.

– Петар е пронајден, здрав и жив! Ви благодариме на сите што учествувавте во потрагата – напиша неговата сестра на Фејсбук.

Фотографијата на Петар и апелот за негово пронаоѓање беше објавен на социјалните мрежи вчера, откако тој не се вратил дома 24 часа.