Протест на ВМРО-ДПМНЕ пред Владата и пред МНР

21

Пред Министерството за надворешни работи почна протестот организиран од ВМРО-ДПМНЕ, на кој се изразува незадоволство од владините политики во преговорите со Бугарија.

Се бара оставка од премиерот Заев, поради, како што велат од опозицијата, распродажбата на националниот идентитет од страна на Заев. Колоната со автомобили од МНР ќе се упати кон Владата од каде што ќе бидат упатени главните пораки од протестот.