Професор се самоуби во затвор! Беше под истрага за обид за силување малолетно лице

114

Професор кој беше под истрага за обид за силување малолетничка, си го одзел животот, дознава Алсат.

Според извори на Алсат, професорот се обесил со чаршав, за време на прошетката на останатите затвореници во кругот на КПУ, затвор Скопје.

Лицето С.М. беше под истрага за обид за силување на малолетно лице на возраст од 8 години.

Настанот се случи во почетокот на годинава, а во полиција го пријавила мајката на девојчето.