ПСЖ и Ливерпул нови четвртфиналисти во Лигата на шампионите

22

Фудбалерите на францускиот и англискиот првак ПСЖ односно Ливерпул им се приклучија на Порто и Борусија Дортмунд во четвртфиналето од Лигата на шапионите.

ПСЖ со феноменалниот Навас на голот се одбрани од налетите од одличната Барселона, Мане и Салах повторно беа кобни за Лапциг.

На Паркот на принцовите во Париз ПСЖ и Барселона во осминафиналниот реванш одиграа без победник 1-1, триумфот на шампионот на Франција на Ноу Камп од 1-4 беше пресуден за патникот меѓу осумте најдобри. ПСЖ со вкупен резулат од 5-2 го продолжи патот кон посакуваниот трофеј.

Барселона одигра одличен меч во Париз во првите 30 минути Каталонците направија огромен притисок и создадоа четири шанси за водство, но ПСЖ синоќа го имаше херојот, маестралниот Кејлор Навас на голот кој не дозволи Осман Дембеле да се запише во листата на стрелците.

Барселона напаѓаше и правеше шанси, но ПСЖ без игра стигна до водство по сомнителниот пенал досуден од ВАР собата. Сигурен реализатор на ударот од 11 метри во 30 минута беше Килиан Мбапе.

Барселона само 7 минути подоцна со ремек дело на Меси го израмнува резултатот на 1-1 и колку толку ја продолжува неизвесноста.

Во последните секунди од полувремето Навас спречи драма, му одбрани пенал на Меси и недозволи барселона да го преземе водството.

Во вториот дел Барселона продолжи со иницијативата но ПСЖ повторно ги издржа налетите на гостите и мечот заврши без победник 1-1.

Богатиот состав од Париз трета година во низа си обезбедува место меѓу осумте најдобри клубови во Европа.

На осминафиналната пресметка меѓу Ливерпул и Лајпциг одиграна во Ференц Пушкаш арената во Будимпешта англискиот великан ја оправда улогата на фаворит и со вкупен триумф од 4-0 отпатува во елитното четвртфинале.

На двете средби тимот од Енфилд славеше победи од 2-0, а головите ги постигнуваа Салах и Мане.Синоќа Салах и Мене ја погодија мрежата на Лајпциг во 71 и 74 минута.

Осминафиналните реванши во Лигата на шампионите продолжуваат во вторник и среда.

Во вторник на програмата се дуелите Манчестер Сити – Борусија М. и Реал М. – Аталанта, а во среда Баерн М.- Лацио и Челзи Атлетико М.