ПСЖ ја одреди цената која Реал ќе мора да ја плати за Килијан Мбапе

3

Килијан Мбапе побара од челниците на ПСЖ да му дозволат трансфер во Реал Мадрид, а доколку тоа не се случи, многу веројатно тој ќе прејде во „кралскиот“ клуб следното лето како слободен агент.

Флорентино Перез сака да ја искористи ситуацијата и е спремен да преговара за услугите на младиот Французин. Од Пари Сен Жермен потврдија дека Мбапе сака да замине, а според најавите веќе одбија понуда од 160 милиони евра, со што потврдија дека ќе го пуштат фудбалерот само под свои услови.

Според пишувањето на угледниот и добро упатен „Ле Паризиен“, ПСЖ сака да заработи 220 милиони евра за услугите на Мбапе. Тоа би значело профит од 40 милиони, бидејќи играчот беше платен 180 милиони евра на Монако. Иако има само уште една година од договорот, очигледно на „светците“ не им е најважно дали ќе го загубат како слободен агент.

ПСЖ сака капитална заработка, која ќе им помогне добро да работи во новата сезона. Тешко веројатно е дека Реал Мадрид може во моментов да си дозволи сума од 220 милиони евра, па дури и за Мбапе, пред сè бидејќи вложија во реконструкција на стадионот. Доколку парижани не попуштат, а Реал се одлучи дека не сака да чека една година, трансферот би бил втор најскап во историјата, надминувајќи го преодот на Мбапе од Монако во ПСЖ, но за два милиони понизок од тој на Нејмар.