Пукање во Кабул: Талибанците сакале да го растурат протестот, а на новинарите им забраниле да снимаат
Во Кабул дошло до пукање за време на протестот, кој Талибанците сакале да го растурат, пренесуваат светските медиуми. Талибанците почнале да пукаат, а на новинарите им рекле да не снимаат.
Пукањето траело околу 10 минути, откако на улиците завладеала тишина. Телевизијата ТОЛО јавила дека во Кабул има антипакистански протест, а дека на улиците имало стотина луѓе.
Претходно медиумите објавиле дека пакистантските сили им помогнале на Талибанците во освојувањето на Паншир, последната провинција која до синоќа им пружела отпор.
Како што било прецизирано, Пакистан на Талибанците им обезбеди водушна поддршка и специјални сили кои се спуштиле со падобрани.
После неколку дена интензивна борба и загуба на двете страни, Талибанците во понеделникот прогласиле победа иако силите на Националниот фронт за отпор го негирале поразот.