Пукање во трговски центар во Копенхаген, неколкумина мртви

12

Неколку лица беа убиени денеска во престрелка во трговски центар во Копенхаген, соопшти полицијата, при што уапсила 22-годишен Данец и не ја исклучува можноста за тероризам.

Полицијата во Копенхаген претходно објави дека пристигнала во трговскиот центар Филдс по дојава за пукање. Таа ги советувала оние што се нашле внатре да се скријат и да чекаат помош од полицијата.

Засега се чини дека нема повеќе напаѓачи во трговскиот центар, соопшти полицијата.