Пукотници во српско средно училиште: Маж почнал да пука од пушка, но бил совладан од професор

9

Горан бил совладан од професор од средно училиште, а кај него биле пронајдени уште и рачна бомба, пиштол и експлозив.

Горан Т. од селото Ливадица влегол во средно училиште во Србија и почнал да пука од автоматска пушка.

Мажот пукал два пати од ова оружје, а за среќа немало повредени. Горан бил совладан од професор од средното училиште, а кај него биле пронајдени уште и рачна бомба, пиштол и експлозив.

Првите информации укажуваат дека станува збор за психички заболен маж кој сакал да направи заложничка ситуација во училиштето, но за среќа нема оштетени во намерата.