Путин му ги повтори на Ердоган руските услови за примирје во Украина

9

 

Рускиот претседател Владимир Путин во телефонскиот разговор со турскиот колега по должност Реџеп Тајип Ердоган во четвртокот му повторил дека Русија е отворена за дијалог, но делка властите во Киев мора да го прифатат губењето на териториите на кои Москва полага право, извести Кремљ.

Ердоган уште еднаш ја изразил подготвеноста да дејствува како посредник во преговорите за постигнување меѓу Москва и Киев. Анкара претходно денеска објави дека Ердоган го повикал Путин да прогласи „едностран прекин на огнот” во Украина.

„Повиците за мир и преговори меѓу Москва и Киев треба да бидат поддржани со едностран прекин на огнот“, соопшти турското претседателство.

Путин ја „потврди подготвеноста на Русија за сериозен дијалог, по услов киевскиот режим да ги исполни добро познатите и повеќепати искажани барања и да ги земе превод новите територијални реалности“, се наведува во известувањето од Кремљ.

„Од руска страна беше истакната деструктивната улога на западните држави, кои го снабдуваат киевскиот режим со оружје и воена опрема, обезбедувајќи му оперативни информации и локации за цели“, се додава во соопштението.

Двајцата челници повеќепати разговараа по почетокот на руската инвазија во југоисточна Украина ланскиот февруари, и уште кон почетокот на март во Истанбул беше објавено дека двете страни се на само чекор од постигнување договор. Меѓутоа, по ненадејните посетите на поранешниот британски премиер Борис Џонсон и американскиот министер за одбрана Лојд Остин на Киев, украинскиот претседател Володомир Зеленски ги отфрли преговорите.

Руската страна во неколку наврати изјави дека е подготвена за дијалог со Украина, но ја истакна „контроверзната„ позиција на властите во Киев, кои или воопшто забрануваат какви и да се преговори, или поставуваат услови неприфатливи за Москва, или бараат своевиден „мировен самит. Како што истакна портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, планот што не ја зема предвид моменталната реалност не може да биде мировен. Што се однесува до барањата на Украина, според Песков, Москва никогаш не следела туѓи услови, туку се фокусирала само на сопствените интереси и здравиот разум.

Турција беше и посредник заедно со ОН во постигнување на договорот за извозот на житарки од украинските пристаништа. Путин ми рекол на Ердоган дека треба да бидат укинати сит пречки за извозот на храна и земјоделски ѓубрива за кои Москва изрази подготвеност бесплатно да ги намени за сиромашните земји од кои големи количества се блокирани во европските пристаништа.

„Путин ја истакна потребата од совесен интегриран пристап, што подразбира отстранување на сите бариери за рускиот извоз“, информираат од Кремљ.

Било разговарано и за натамошното проширување на трговско-економските односи меѓу двете земји, во прв ред создавањето на регионалниот гасен центар во Турција, како и изградбата на турската нуклеарна централа Акују.

Путин и Ердоган се осврнале и на сириската криза, во контекстот на турската копнена инвазија на северот од Сирија и операциите против сириските Кирди. Притоа била позитивно оценета неодамнешната средба на министрите за одбрана на Русија, Турција и Сирија и изразиле надежи дека контактите во овој формат ќе придонесат за подобрување на ситуацијата во Сирија.