Путин се надева на мирно решение на судирот во Нагорно Карабах

2

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека се надева на „мирно решение“ на конфликтот во Нагорно-Карабах.

-Ние сме во многу близок контакт со страните во конфликтот. Се надеваме дека можеме да постигнеме деескалација и мирно решение на проблемот, рече Путин, пренесен од руската државна телевизија.

Меѓутоа, засега е нејасно дали Путин ја дал изјавата пред или по најавениот договор за прекин на огнот.

За денеска во Нагорно Карабах беше најавен прекин на огнот, бидејќи ерменските сепаратисти се согласија да го положат оружјето и да преговараат за реинтеграција на оваа територија во Азербејџан.