Путин тврди дека Русија не планира да распореди нуклеарно оружје во вселената

3

Рускиот претседател Владимир Путин денеска пред Советот за безбедност на Руската Федерација рече дека Москва не планира да распоредува нуклеарно оружје во вселената и дека неутрализирањето на заканите во вселенското пространство треба веднаш да биде во центарот на нивното внимание, јавија руските медиуми.

Неименувани американски извори велат дека Русија развива вселенско антисателитско нуклеарно оружје, и покрај тоа што Путин рекол дека се противи на нуклеарното оружје во вселената. Кремљ категорично ги отфрла тврдењата на Вашингтон.