Радев: Крајно несоодветно и нездраво е Северна Македонија да ни поставува ултиматуми

6

„Крајно непримерно е да се поставуваат ултиматуми на Бугарија, рече претседателот на Бугарија, Румен Радев“, коментирајки ги последните изјави на шефот на дипломатијата на РСМ дека до јуни има можност да се развијат односите меѓу РСМ и Бугарија.

„Крајно е несоодветно и нездраво да се зборува за Бугарите и да се поставуваат некои ултиматуми. Притисокот беше уште поголем минатата година. Јас и преодната влада го продолживме овој притисок со два последователни совети за проширување. „Многу добро ги објаснивме позициите на Бугарија и тие се прифатени. Само треба да се бранат. Станува збор за човекови права, копенхашки критериуми, говор на омраза. Тоа се работи кои не се компатибилни со европските принципи и вредности“, рече тој.