Радев: Приоритет за споделување на вакцините ни е Северна Македонија

13

Бугарскиот претседател Румен Радев, пред почетокот на вториот ден од ЕУ самитот во Брисел кој е посветен на борбата против Ковид-19 и климатските промени, изјави дека за Бугарија приоритет е споделувањето на вакцините со Северна Македонија и регионот, јави дописничката на МИА од Брисел.