Ракети паднаа во близина на американската амбасада во Багдад, наводно без жртви (ФОТО)

8

Експлозии ја стресоа Зелената зона во Багдад, утврдениот кварт во кој се наоѓа американската амбасада. Според дел од извештаите, станува збор за ракетен напад врз овој дел од ирачката престолнина.

Ненаведуваните ракети „каќуша“ паднале во Зелената зона на Багдад, јавува Ројтерс. Засега нема информации за жртви. Според локални безбедносни извори, најмалку една ракета паднала во близина на американската амбасада.

Експлозијата го блокирала патот кон води кон американската дипломатска мисија во ирачката престолнина. Со минофрлачки оган бил напднат и соседниот кварт Џадрија, во кој се наоѓа Универзитетот на Багдад, повредувајќи пет лица.

Инцидентот се случува набрзо по американскиот атентат врз еден од врвните ирански воени команданти, генералот Касем Сулејмани, и заменик командант на ирачката шиитска милиција.

Вашингтон нападот со дрон го нарече самоодбрана, доеека Техеран го окарактеризира како акт на меѓународен тероризам и се заколна на одмазда.