Ракометарите заминаа за Србија, следува борба за влез на конечниот список за ЕП

6

Машката сениорска репрезентација на Македонија отпатува за Стара Пазова, каде што утре и задутре ќе одигра два пријателски натпревари со селекцијата на Кувајт.

Покрај дуелите со Кувајт, избраниците на Данило Брестовац, ќе бидат дел и од „Трофеј Карпати“ за време на викендот, а таму ги чекаат уште две средби со Алжир, плус Холандија или Романија.

Овие натпревари ќе бидат шанса за селекторот Брестовац уште еднаш да ги провери квалитети на оние ракометари кои што конкурираат за завршниот список на патници на Европското првенство.