Рама: Ние бевме Авганистанци пред 30 години

11

Албанскиот премиер, Еди Рама, во интервју за радио емисијата „Светот вечерва“, која се емитува на Би-Би-Си, изјави дека Албанија мора сега да ги прими Авганистанците, бидејќи тие се нивни пријатели, а додаде дека и тие биле во слична таква ситуација како нив пред 30 години.

„Не знам што мислат земјите-членки на ЕУ кои велат дека во наредниве години ќе ги примат Авганистанците. Ние треба да бидеме тука за тие кои работеле за нас. Има илјадници, кои треба да бидат прифатени сега, не за неколку години“ изјави Рама.

Рама вели дека тој ја истакнал својот став уште на самитот на НАТО, каде тој го кренал својот глас за ова прашање.

„Ние сме биле дел од режим сличен на оној на талибанците. Мора да размислуваме за Авганистанците, бидејќи во спротивно, тие ќе бидат казнети од страна на предавниците, и тоа не било каква казна, туку само со убиство, бидејќи тој е начинот на кој терористите се одмаздуваат“ изјави Рама на самитот.

Премиерот на Албанија бил прашан и за ефектите кои ќе ги имаат прифатените авганистански државјани врз економијата на земјата. Рама одговори споредувајќи ја моменталната состојба со таа кога пристигнале косовските Албанци за време на војната.

Тој се наврати на времето кога бил Министер за култура, кога во тоа време, имало 500 илјади косовски мигранти кои биле прифатени во Албанија. А според него, Албанија е „повторно тука, економски и морално силна“.

„Ние сме виделе војни. Живеевме со нив. Сме поминале низ хорори од војни“ додаде Рама.

Тој се надоврза на фактот дека Албанија има традиција за прифаќање на луѓе кои живеат во загрозени земји.

„Тие се дел од нас. Албанија беше единствената земја во Европа која имаше повеќе Евреи по војната отколку пред. Го имаме ова правило каде најголемиот срам во животот е да ги оставиш гостите на земја. Ние бевме Авганистанци пред децении, кога ја презедовме Албанија, која тогаш беше како европската Северна Кореја. Им тропнавме на вратата на другите и се спријателивме. Нашите деца мора да разберат дека сите живееме на овој свет. Не сме богати, но не смееме да ја изгубиме колективната меморија“ изјави Рама во емисијата.

Албанија е спремна да ги прими авганистанските мигранти, прифаќајќи преку 300 Авганистанци од Кабул.