Рама потврди: Запрени спасувачките операции, 50 загинати и 2.000 повредени во земјотресот

5

Потрагата и спасувачите операции за преживеаните во земјотресот што ја погоди Албанија официјално е завршена, зошто се верува дека нема повеќе тела под урнатините.

Премиерот на Албанија Еди Рама соопшти дека настрадале 50 лица во земјотресот со јачина од 6,4 степени по Рихтер кој ја погоди таа земја.

Како што наведе, околу 2.000 лица се повредени.

Рама рече дека прелиминарните проценки покажуваат дека околу 900 згради во Драч и над 1.465 во Тирана се сериозно оштетени.