Рама: Протестите во Албанија се во интерес на Русија

5

Премиерот на Албанија, Еди Рама, изјави дека неколкудневните протести на граѓаните поради поскапувањето се во интерес на Русија.

„Русија го сака ова. Токму во земјите што ја поддржуваат Украина има такви протести против растот на цените“, рече тој на средбата со граѓаните.

Рама објаснува дека војната и кризата не се проблем само на украинскиот народ, туку и на сите Европејци и оти растот на цените е последица на оваа криза.

„Иако директните последици од војната ги трпат граѓаните на Украина, последиците од кризата ја погодуваат цела Европа, а протестите против европските влади се во функција на Москва“, рече Рама.

Тој наведува дека нафтата не е најважна, туку цената на енергијата.