Рама со солзи избега од интервјуто запрашан за девојката на синот (ВИДЕО)

3

Премиерот на Албанија не успеа да ги задржа солзите кога беше запрашан за вереницата на неговиот син, Кристи Речи, која го загуби животот во страотниот земјотрес.

Еди Рама додека зборуваше за News24, побегна од камерата, откако не можеше да ги задржи солзите.

-Не сакам да зборувам за вакви работи кои се врзани лично со мојот син. Јас сум денеска во една позиција која е невозможно да се објасни. Тие мислат дека давам душа за пари – рече Рама, и се побегна од преносот во живо.

Нешто порано, синот на премиерот во Инстаграм, напиша дека меѓу настраданите се наоѓа и личност многу блиска до него.