Рангник: Не ми се допадна како игравме

3

Манчестер јунајтед не успеа да забележи победа на „Сент Џејмс парк“ во Њукалс. „Црвените ѓаволи“, од пораз ги спаси Единсон Кавани и стативата во финишот од натпреварот. Ралф Рагник, менаџерот на Јунајтед, ги посочил проблемите со кои се соочиле неговите фудбалери, против борбениот Њукасл.

„Воопшто не ми се допадна ова. Со исклучок на неколку моменти, ние воопшто не ја контролиравме играта. Се е во енергијата, физичката подготвеност и кој ги освојува долгите топки. Во тие елементи не бевме добри. Добро е што освоивме бод. Мораме да бидеме подобри“, рекол Германецот и дополнил.

„Морате да биде подготвени и способни да ги добивате директните дуели. Ние тоа не го прававме. Кога го имавме поседот, имамвме многу додавања, премногу комплициравме премногу“.

Манчестер јунајтед во наредното коло, за три дена ќе го пречека Барнли.