Ранкник: Треба да ги научиме лекциите и да не губиме бодови на овој начин

12

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник, воопшто не беше задоволен по ремито 1-1 како гостин на Барнли. „Црвените ѓаволи“ повторно не успеаја да победат, иако во вториот последователен натпревар направија силно прво и слабо второ полувреме.

Германецот рече дека е време неговиот тим да извлече лекција и повторно да спречи такво нешто.

„Можевме малку подобро во првото полувреме. Дадовме три гола, но два беа откажани. Посебно второто, никој не разбра зошто е откажан и зошто линискиот играч го крена знаменцето за прекршокот на Пол Погба осум секунди откако се случи, ако воопшто може да се зборува за фаул во оваа ситуација. Како и да е, но мислам дека требаше да водиме барем со 2-0 на полувремето. Истото го кажавме и по мечот со Мидлсброу. Одигравме многу напорно, го контролиравме натпреварот, но важно е на крајот да си заминеме со победа. Денеска освоивме 1 бод по тие 94 минути и никој не е среќен. Ако сакаме да бидеме во топ 4, не можеме така да губиме бодови“, изјави Рангник.

Тој прокоментира и зошто неговиот тим се претстави лошо во вториот дел.

„Вториот дел не започна добро, не бевме доволно агресивни, не ја контролиравме топката доволно добро. Во две минути пред да постигнеме гол, три пати ја освојувавме топката, направивме штиклирање во сопствената половина и премногу лесно ја загубивме. Нашето однесување во последните 10 секунди пред голот едноставно не беше доволно добро. Имавме двајца-тројца играчи на наш терен, но сепак дозволивме да не обележат“, продолжи Германецот.

Следните натпревари на Манчестер Јунајтед се со Саутемптон и Брајтон.

„Дури и да победевме против Барнли, ќе беше важно, но сега е уште поважно да земеме шест бода во следните два натпревари. Но, прво треба да ги научиме лекциите и да внимаваме како играме на вакви натпревари. Мора да одржиме добро ниво не 45, не 70, туку 90 или дури 94 минути“, заклучи Рангник.