Рано е да се отворат градинките

21

Министерот за здравство Венко Филипче информира дека сè уште е рано да се отворат градинките и најверојатно одлуката ќе се донесе по разгледување на епидемиолошката состојба и бројките.

– Во оваа ситуација можно е да се зголеми трансмисијата помеѓу децата и од членови на нивните семејства, што може да предизвика дополнителен проблем – нагласи министерот Филипче на денешната прес-конференција.