Раткоцери со одговор до Ибрахими: Дуел да, дури и на ТВ Шења

18

Скопје, 11 февруари – Продолжува дебатата за политичко-религиозна манифестација на контроверзната организација „Џемијети„ , прогласена денес од партијата Алтернатива во Скопје.

Издавачот на весникот КОХА, новинарот Арбен Раткоцери, кој пред неколку дена го „обелодени“ претставникот на оваа партија, Зеќирија Ибрахими, денес одговори на поканата за телевизиски дуел со потпретстедателот на Алтернатива Ибрахими, додека телевизиската дебата, како што пишува Раткоцери на својот профил на Фејсбук, би сакал да ја има на ТВ Шења. Неговиот опис за ТВ Шења е “телевизија водена од твоите неспособни и неучени пријатели, но идеолошки сте заедно, а за среќа за Албанците на Македонија, и покрај годините во етер и потрошени милиони, гледаноста и нивното влијание не ја надминува ни нивното маало“. Статусот на Раткоцери дојде по поканата на Ибрахими, кој на својот ФБ профил напиша дека „дебатата е откажана. Тие не се осмелија да дојдат. Ако се плашат од сериозна дебата, тогаш подобро е да не правите работи за кои немате сила“. Инаку, дебатата започна со еден статус на Ибрахими на ФБ, каде што активноста на Џамијет ја изедначува со дејноста на албанските патриоти, дури и со Адем Јашари.

 

Целиот статус на Арбен Раткоцери:

„Дебата секако! После 12 Април, несомнено, и тоа на ТВ Шења би избрал јас! Намерно сакам на оваа телевизија која ја водат твоите неспособни и неучени пријатели, но идеолошки сте заедно, а за среќа за Албанците на Македонија, и покрај годините во етерот и потрошените милиони, нивната гледаност и влијание не го надминува нивното маало. Без да сакам да ја легитимирам твојата кауза и твојата идеолошка инспирација, ќе излезам спротив вас – вие како научен истражувач и јас како новинар. Цинизмот што го употребувате го гледам како непотребен, бидејќи тоа е средство на понижениот за да ја докаже иронијата на сопствениот идеолошки опстанок! Моите интелектуални пријатели и јас сме голема армија и на идеолошките чети на ваков вид со години им стоиме на чело со достоинство и национална кауза. За разлика, ние не сме навикнати да преживееме, ние ја живееме слободата што ни ја дава инспирацијата на Скендербег и Дервиш Цара (амблемот што ги заплашува многумина). Ние работиме без страдање и мазохизам, но не за политички кампањи, така што само после 12 Април, токму на 13 Април ќе бидам таму, на ТВ Шења! Повторувам, јас одбивам да дебатирам со вас деновиве затоа што го доби мојот одговор, немам што повеќе да додадам за да можеш да го употребуваш за кампања и да докажаш теза која ја сметам за соборена, девалвирана, неприродна за моето национално ткиво, НЕПОТРЕБНО! И друго, да не им оставам простор, како што беше во мојот прв статус, на малцинство идиоти кои едвај чекаа да навлезат на заговори, поврзувајќи се со предизборна актуелност. Мојата загриженост ја надминува вашата дневна политичка глупост. Покрај тоа, моето време е премногу скапоцено за да се замарам со твојата минорна идеолошка кампања, која е врзана на јазолот на политичкиот ислам, кој ти бараш залудно да го потикнеш! Моите пријатели од Косово, Македонија и Албанија и каде и да се, тие се мирни во сливот на чисто национално достоинство. Вашата идеолошка чета ние ја третираме како карцином за нашето општество, полека полека и со достоинство. Пријателски би те советувал, не барај сензација туку вистината. Сензацијата обично ги претвора нереализираните луѓе во циркус на сурови догми! Се гледаме на 13 Април, на ТВ Шења, со тебе научен работник, јас новинар! П.С Дебатата како политичар, спроти Мендух Тачи, ако смееш! “