Рашковски на судење: Ни Холивуд не може да го режира ова (ВИДЕО)

20

Сите знаеме дека во 2015 година јас не сум бил ниту функционер, а не може средства во 2015 година да бидат од кривично дело во 2019 година, изјави Рашковски

Јас имав имот и средства уште пред да станам генерален секретар на Владата, тврди Драги Рашковски

Почетокот на судењето за случајот „Софтвери“ против поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски и шест други лица беше одложено денеска поради отсуство на обвинетата Маја Силјановска.

Одбраната на Рашковски се жали дека доказите се собрани на незаконски начин. Тој тврди дека не стекнал средства на незаконски начин и дека сѐ што поседува сега, поседувал и пред да биде генерален секретар.

„Не може обвинителството да има доказ од наводно мои пораки кои се напишани на ворд документ. Замислете испаѓа дека во една секунда се пратени 43 пораки. Не може да дава докази кои произлегуваат од незаконско прибирање докази. Не може да инпутира така. Ќе дојдете на судење, ќе има интересно судење, во делот на комјутерска форензика, ќе видите како се прибрале докази. Некој без знаење чепкал по приватни пораки. Не би сакал да навлегувам, сето тоа е предмет на постапка но се нудат податоци кои се апсурдни. Пораките инаку се исчукани на компјутерот на обвинителката“, рече Рашковски. Тој рече дека има има уште докази и дека има и нови сведоци, меѓу кои и поранешниот министер Наќе Чулев, кои, како што рече ќе ја докажат целата постапка.

„Срамота е тоа што се прави. Сите знаеме дека во 2015 година јас не сум бил ниту функционер, не може средства во 2015 да бидат од кривично дело во 2019 година. Не треба да сте правник, едноставно Холивуд да го режира ова, не може да го направи така“, додаде Рашковски.

На прашањето од каде парите на децата, тој рече дека тоа се негови средства.

„Нити има хациенда нити ништо. Станува збор за купен плац од мои средства, од кредит и тие средства потекнуваат од пред да станам генерален секретар. Плацот е купен со мое обезбедување кога не сум бил функционнер. Кога станав функционер не влегов без средства. Не постои разлика во мојот имотен лист освен кај подароците на моите две деца прибрани од родендени, мекици. Децата имаат само заштеда од нивните родендени, а сѐ друго што поседуваат е мој имот. Се вулгализира целата работа, сѐ сум имал и пред да станам генерален секеатар“, рече тој.

Додаде дека на своте картички уплаќал пари кои му биле дадени од Владата, откако ќе потрешел свои пари за патувањата во странство за хотелите или за наточеното гориво.

Во случајот, покрај Рашковски и Силјановска, се обвинети и Ивица Димитровски, Даниел Станчев, Ирена Ивановска, Игор Христов и Игор Ивановски. Судскиот процес го води судијата Фанка Јанчулева-Михаиловска, а застапник на обвинението е обвинителката Ивана Трајчева.

Првообвинетиот, се вели во обвинителниот акт, не ги извршил своите службени должности при спроведување на четири постапки за јавна набавка за систем за биометриска идентификација, јавна набавка на софтвер за определување на просечна брзина на возила во сообраќајот и изрекување на казни, набавка на стоки – ANPR камери за препознавање на регистарски таблички за возила и јавна набавка на работи – метални кабини за потребите на системот на биометриска идентификација и систем за автоматско препознавање на регистарски таблици.