Рашфорд ќе ја оживува кариерата во Арсенал!?

3

Англиската фудбалска сезона заврши минатиот викенд, а веќе се зборува за неколку потенцијални трансфер сензации.

Несомнено, едно од најголемите изненадувања може да дојде од Маркус Рашфорд, кој по разочарувачката сезона со Манчестер Јунајтед размислува за преселба во Арсенал.

Англиските медиуми тврдат дека тој имал таен состанок со менаџерот на „топчиите“ Микел Артета за да разговараат за неговата можна преселба на „Емирати“. Се вели дека двете страни изразиле подготвеност за соработка.

Кариерата на Рашфорд во последните години е во надолен тренд, поради што и тој беше изоставен од составот на Англија за Европското првенство во Германија.

Евентуалната преселба во Арсенал е добра можност тој повторно да се појави и да покаже дека пред неколку години заслужено се сметаше за најголемиот талент во англискиот фудбал