Реал Мадрид во нов ВАР-скандал, главен актер беше – Лука Јовиќ (ВИДЕО)

81

Вчера заврши првенството во шпанската Ла Лига во која Реал Мадрид ја освои 34. титула во нивната историја, а во последното коло имаше неизвесност околу борбата за опстанок.

„Кралевите“ гостуваа кај Леганес, кој бркаше победа за да остане во Ла Лига, но сепак домаќините одиграа 2-2 и испаднаа во понизок ранг.

По мечот се крена многу „прашина“ поради една ситуација во 84. минута, кога Лука Јовиќ ненамерно ја удри топката со рака во казнениот простор, но судијата не досуди пенал, и покрај прегледување на ВАР-снимката.