Реал се жали: И судија и ВАР, а два недосудени пенали за нас

3

Реал Мадрид остана непоразен на големото дерби со Барселона, но во таборот на „кралевите“ владее огромно незадоволство од арбитражата на Хернандез Хернандез. Најтрофејниот европски клуб смета дека е сериозно оштетен за време на синоќешното „Ел Класико“, откако главниот судија не досуди два пенали за „кралевите“ по стартовите на Рафаел Варан.

„Тешко е да се разбере зошто не беше користена технологијата што е достапна токму за да им се помогне на судиите. Загрижувачки е за нас бидејќи имаше две очигледни ситуации, стартови над Варан по наши корнери, во кои ВАР мораше да интервенира. Повторените снимки само потврдуваат дека постоеше дефинитивен контакт и старт врз нашиот фудбалер“ – изјави Зинедин Зидан по мечот.

„Кралевите“ и преку клупски соопштение реагираа на судиската неправда.

„Во 17. минута Варан тргна да ја удри топката со глава по еден корнер, имаше очигледен старт на Ленгле, но ниту главниот судија ниту ВАР-арбитрите не проценија дека е пенал. Две минути подоцна, повторно по корнер, Ракитиќ очигледно го влече Варан за дресот, по што Французинот паѓа на тревата. И повторно арбитрите решија воопшто да не реагираат“ – се жалат од Реал Мадрид.