Реал ќе се обиде да постигне договор со Мбапе во зима, ако не успее тргнува по Халанд

14

Реал Мадрид повторно ќе се обиде да го ангажира Килијан Мбапе. Од 1 јануари „Кралскиот клуб“ ќе се обиде да го договори Французинот, доколку фудбалерот  дотогаш не го продолжи договорот со ПСЖ. Мадридскиот клуб ќе ги интензивира напорите и ќе се обиде да преговара за трансфер.

Планот на Реал Мадрид е да се стапи во контакт со Фаиза Ламари, мајката и агентот на Мбапе и ќе му даде на играчот рок од 15 дена да донесе одлука. Повеќе нема да се водат долги преговори. Мбапе мора да одговори до 15 јануари дали ја прифаќа понудата или не.

Реал, исто така, повеќе нема да се потпира на вербални договори и има намера да го документира договорот. Веројатно станува збор за преддоговор за слободен трансфер на лето.

Доколку Мбапе не одговори на понудата до 15 јануари, Реал Мадрид ќе се префрли на напаѓачот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд и ќе се обиде да го ангажира. Норвежанецот е пријател со играчот од средниот ред Џуд Белингем, со кого заедно играа за Борусија Дортмунд. Покрај тоа, напаѓачот на Манчестер сити има куќа во Марбела, Шпанија.