Ревизорите апелираат да се избере главен државен ревизор

11

Веќе речиси две години Македонија нема главен државен ревизор. Ревизија треба да има и на трошењето на парите од изборната кампања. Со неизбирање на главен државен ревизор, без чиј потпис не можеме да донесеме ни програма за работа, но ниту да ги платиме режиските трошоци. Може да останеме и без струја и вода, изјави денеска Мијалче Дургутов, ревизор и одговорен за комуникација со јавноста во Државниот завод за ревизија.

Вкупно 94 вработени во Државниот завод за ревизија не можат да ја земат октомвриската плата без потпис на главен државен ревизор.

„Сите досега сработени предмети, наместо да ги доставиме до субјектите кои биле предмет на ревизија, стојат во фиоките. За оваа ситуација алармиравмеи до еснафската меѓународна организација INTOSAT (меѓународна организација на врховни ревизори). Се разбира одмна имаме и барање до претседателот на Собранието, Талат Џафери и до Комисијата за избор и именувања. Но уште чекаме да падне меѓупатриски договор кој да седне во главната ревизорска фотелја“, вели Дургутов и додаде дека нивнатаа рабоота во моментов е целосно блокирана.

За оваа година во Државниот завод за ревизија планирале 54 ревизии, има 11 конечни извештаи, 12 се во тек и треба да бидат завршени до крајот на годинава. Останатите се готови, но нема кој да ги потпише, за да бидат испратени.

За бонусите во СЈО ревизорите велат дека многу пред објавувањето на овие информации ревизијата на работата на СЈО почнала, но тие се должни да ја почитуваат тајноста на податоците.