Револуција пред парламентот во Софија, опозицијата ќе се обиде да ја собори владата на Борисов

12

Во пресрет на вонредната седница на бугарскиот парламентот денеска, на која се расправа за недоверба на Владата, голем број демонстранти, повеќе од 3.000, го блокираа движењето пред Националното собрание. Претежно луѓето се млади. Тие очекуваат оставка од премиерот Бојко Борисов и од главниот обвинител Иван Гешев, но не се зздоволуваат само со тоа.

Во моментов протестот е мирен и нема тензии. Голем број полицајци го опколија парламентот, така што пристапот на граѓаните до институцијата е ограничен. Зад првиот полицајци има кордон од многу потешко вооружени „робокопи“, како и специјализирана единица на жандармеријата.

Демонстранти наоѓаат доста интересни начини да ги искажат своите барања. Многу од нив носат книги и читаат на жолтите камени плочки. Други играат разни игри среде булеварот, слушаат музика и танцуваат. Расположението е револуционерно и толпата се зголемува со секоја измината минута.

„Комплетна промена, затвор и судење за сите оние кои се на власт во моментот, кои ја доведоа земјата на оваа позиција – да нема владеење на правото и олигарсите да ги генерираат сите пари од ЕУ. Гешев да да замине заедно со Бојко. Ќе ги избришеме, нема да има прошка“, говорат младите пред микрофоните на телевизиите.

Ова ќе биде петти по ред обид на опозицијата да го собори кабинетот на премиерот Бојко Борисов во парламентот. Во меѓувреме, во Софија тече дванаесеттиот ден од антивладините протести.