Регистрирани 237 прекршоци за неносење маска

12

Во текот на изминатото деноноќие по однос на мерката за носење заштитна маска регистрирани се 237 прекршоци, информираат од МВР.

Министерството за внатрешни работи воедно апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.