Регистрирани 46 нови случаи на Ковид-19

Како што дознава Алсат, во последниве 24 часа регистрирани се 46 нови случаи на коронавирус во земјава, со што вкупниот број на заболени од почетокот на епидемијата достигна 663 лица.

8

 

По градови:

Скопје –12, Куманово – 13, Прилеп – 8, Тетово -1, Струга – 2 , Велес – 8, Кочани – 1, Пробиштип – 1.

Родилката од Куманово која иако почина вчера, евидентирана е во денешната статистика на министерството за здравство. Со тоа вкупниот број на починати од вирусот достигна 31.

Во изминатото деноноќие направени се 341 теста. Од нив преку ИЈЗ-194, преку Ветеринарен факултет –8, Авицена –19 , Биотек –24 и Фипил Втори (Жан Митрев) –96. Досега во земјата се направени 6.571 тестирања на Ковид-19, наведоа од Министерството за здравство.