Регистриран земјотрес во западна Македонија

10

​Земјотрес со јачина од 2,9 степени по Рихтер е регистриран утрово во 6:15 часот. Епицентарот на земјотресот е 65 километри од Скопје, во тетовско-гостиварскиот регион, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет .

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово, 30.03.2021 година во 06 часот и 15 минути, регистрира земјотрес од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар со епицентар на 65km југозападно од Скопje и со локална Рихтерова магнитуда ML2.9.

Земјотресот бил почувствуван во Маврово, Гостивар, Тетово, Дебар, Охрид и Кичево со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје