Редок феномен: Меркур денес ќе мине меѓу Сонцето и Земјата

32

Денеска ќе се случи редок феномен на небото – планетата Меркур ќе мине директно меѓу Земјата и Сонцето, објави НАСА на „Твитер“.

Транзитот на Меркур се случува само 13 пати за 100 години, тврди НАСА, а пренесе Си-ен-ен.


Преминот на Меркур низ сончевиот круг претставува феномен кој би минал незабележано доколку не би бил важен за астрономите, меѓу другото и поради временскиот циклус на кој се појавува.

Последниот видлив транзит на Меркур се случи во 2016 година, а по денешниот премин, следниот ќе биде видлив дури во 2049 година.