„Рекет“ ќе се одложи поради болест на судијката

10

Денешното рочиште за „Рекет“ се одложува поради тоа што судијката Весна Николовска-Масевска е болна.

Таа утринава го известила Судот, по што денешното рочиште, на кое требаше да бидат презентирани нови доказни материјали и снимки околу случајот.

„Рекет“ се наоѓа во доказна постапка. Обвинети се Бојан Јовановски – Боки 13 и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, а Зоран Милевски – Кичеец призна вина и беше осуден правосилно на три години затвор.

Вчера беа презентирани снимки од разговори меѓу Орце Камчев и Бојан Јовановски, како и меѓу Јовановски и пратеничката Фросина Ременски.