Министерството за здравство информираше дека во последните 24 часа се направени 1990 тестирања, а регистрирани се 317 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-182, Куманово-12, Дебар-3, Штип-13, Прилеп-5, Тетово-8, Велес-7, Битола-6, Охрид-1, Кавадарци-4, Гостивар-11, Гевгелија-12, Струмица-12, Крива Паланка-3, Радовиш-5, Кочани-18, Валандово-3, Делчево-2, Свети Николе-4, Кичево-4, Ресен-1, Неготино-1 .
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 104 оздравени пациенти од: Скопје-24, Куманово-12, Штип-3, Прилеп-14, Тетово-8, Струга-3, Велес-3, Битола-5, Кавадарци-2, Гостивар-7, Гевгелија-1, Струмица-4, Радовиш-4, Кочани-6, Пробиштип-2, Македонски Брод-1, Пехчево-1, Берово-2, Виница-1, Кичево-1.
Во болнички услови починати се 4 лица, од Скопје (59г.), Струга(65г.), два пациенти од Гостивар (71г. и 76г.).
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 19413, бројката на оздравени пациенти е 15749, на починати е 772, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2892.
Скопје и понатаму останува град со најмногу заразени лица од коронавирусот, а еве колку заразени има во секоја општина одделно:
• Чаир – 66
• Гази Баба – 126
• Аеродром – 208
• Карпош – 180
• Центар – 210
• Кисела Вода – 131
• Ѓорче Петров – 93
• Бутел – 49
• Шуто Оризари – 15
• Студеничани – 4
• Сарај – 14
• Арачиново – 5
• Илинден – 31
• Сопиште – 3
• Чучер Сандево – 4
• Петровец – 8
• Зелениково – 3