Рекорден број на гласачи: Изборните места во Хонгконг се затворени

18

Рекорден број гласачи излегле на локалните избори во Хонгконг, утврдено е по затворањето на изборните места.

Повеќе од 2,7 милиони луѓе гласале до 20.30 часот по локално време, што значи дека на изборите излегле околу две третини од регистрираните бирачи.

Најмногу гласачи имало во квартовите што се најмногу погодени од антивладините протести кои траат со месеци. Како што јавуваат агенциите, изборите поминале мирно.

Службените резултати се очекуваат во понеделник, а овие избори се со референдум заради масовните протести во Хонгконг. Неодамнешните анкети покажале дека расте поддршката за предемократските кандидати.

Рекордни 1104 кандидати се натпреварувале за 452 места во општинските совети, кои имаат одредена надлежност над финансиите и ги решаваат комуналните проблеми. Моментално во советите на градските квартови има 331 пропекингшки застапници, додека 118 се продемократски.

Ако продемократската партија обезбеди контрола, би можела да осигура шест места во Законодавниот совет на Хонг Конг (парламентот) и 117 места во изборниот совет од повеќе од 1200 членови.