Рекорден број на новозаразени во Турција

2

Во Турција во средата се регистрирани 36.684 нови случаи на коронавирус, што е најмногу од 29 април, покажуваат податоците на Министерството за здравство на земјата.

Според овие податоци, загинале уште 142 лица. Бројот на новозаразени лица е зголемен во последните денови поради ширењето на сојот омикрон на корона вирусот.

Турскиот министер за здравство Фахретин Коџа ги повика граѓаните да ја примат третата доза од вакцината.

Повеќе од 9,4 милиони случаи на коронавирус се пријавени во Турција од почетокот на пандемијата, додека 82.059 луѓе починале.