Рекорд за Дончиќ: Со 51 поен ги сруши Клиперси!

9

На домашен терен предводени од фантастичниот Лука Дончиќ кошаркарите на Далас славеа против Лос Анџелес Клиперси со 112:105.

Дончиќ одигра натпревар во кој постигна рекордни 51 поен. Со оваа бројка Дончиќ го урна својот рекорд во НБА кариерата. Одличната поентерска вечер на Дончиќ беше најавена уште во првата четвртина во која постигна 28 поени. Во редовите на победничката екипа Фил Смит додаде 12 поени, а на спротивната страна најдобар беше Маркус Морис со 21 поен.

Откако Јута им ја прекина серијата од девет победи, Голден Стејт го запишаа и вториот пораз во низа. Њујорк славеше против Вориорси со 116:114. Џули Рендл беше предводник во победничкиот тим со 28 поени и 16 скока, Еван Фурние додаде 22. Најдобар кај Вориорси беше Стеф Кари со 35 поени.