Репрезентативен крај каков што посакува секој: Миркуловски заврши на рацете на соиграчите! 

8

Средниот бек Филип Миркуловски го одигра својот последен натпревар за репрезентацијата на Македонија.

„Воинот на терен“, кој ќе остане запаметен по својата борбеност, одигра 126 меча и постигна 317 гола во „црвено-жолтиот“ дрес.

По завршувањето на мечот со Чешка и победата од 27-25, со која Македонија обезбеди пласман на Мундијалот во Полска и Шведска, Миркуловски заврши на рацете на соиграчите во воздух.

На последниот меч во репрезентативната кариера популарниот Жути даде два гола…