Републиканците го блокираа разрешувањето на Трамп, денеска втор импичмент

6

Демократите бараа договор резолуцијата да биде ставена на дебата веднаш, но републиканците ја запреа.

Републикански конгресмени блокираа усвојување резолуција во Претставничкиот дом со која се повикува потпретседателот Мајк Пенс да се повикаат на 25-от амандман и да побараат разрешување на претседателот Доналд Трамп, оценувајќи дека тој не е способен да ја спроведува функцијата ни во преостанатите 7 дена од мандатот.

Демократите бараа договор резолуцијата да биде ставена на дебата веднаш, но републиканците ја запреа.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера за прв пат се појави во јавност откако неговите приврзаници упаднаа во Капитол .

Трамп го осуди обидот на демократите да го симнат од власт поради тврдењето дека поттикнал насилство на конгресот.

„Ова е најголемиот лов на вештерки во историјата на политиката. Мислам дека предизвикува многу гнев. И обидот да бидам разрешен е смешен“, рече Трамп. Гласањето за неговото отповикување ќе започне утре во претставничкиот дом. “пратеничката Лиз Чејни, која зазема високо место во републиканското раководство во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, изјави дека ќе гласа за отповикување на Трамп.

Претходно, републиканскиот претставник во конгресот, Џон Катко беше првиот од редовите на републиканците, кој најави дека ќе гласа за отповикување на Трамп и ја поддржи таквата идеја.