Рестораните и баровите во Бугарија ќе работат до 22 часот

8

Рестораните и баровите во Бугарија ќе треба да се затворат во 22 часот од 7 септември, додека спортските натпревари во салите ќе се одржуваат без гледачи, изјави бугарскиот министер за здравство Стојчо Кацаров.

“Нема простор за паника. Ситуацијата е сериозна, но не излегува од контрола. Нискиот процент на вакцинација не` принудува да ги воведеме овие мерки”, изјавил министерот за новинарите, пренесува Ројтерс.

Според новите ограничувања, кои ќе стапат на сила до крајот на октомври, музичките фестивали ќе бидат забранети, додека кината и театрите ќе треба да работат со капацитет од 50 проценти.