Ристов: Спомен-плоча на Света Тереза без крст не може да биде нејзина!

75

Скопје, 28 август – Марјан Ристов од Католичката црква на Северна Македонија во изјава за весникот КОХА зборува за естетската деформација на спомен-плочата на Света Мајка Тереза поставена пред неколку дена на плоштадот во Скопје, како и за недостаток на крст во албанската верзија . Според него, ако не е крстот, симболот на Тереза таму, всушност тоа не е нејзина спомен-плоча.

“Ако спомен плакетата го нема симболот на Света Мајка Тереза, тоа всушност не е нејзина плакета. Поранешната меморијална плоча на Св. Мајка Тереза на плоштадот во Скопје симболична, која беше знак на скромноста што ја имаше Света Мајка Тереза. Додека тие што импровизират со нејзиното име, нека ја најдат казната од Бога”, изјави Ристов за КОХА.

Збороворејќи за рекламите на фирмите поставени на нејзината спомен плоча, тој вели дека ова е спротивно на мисијата на Света Тереза. “И оние спонзори што прават хуманизам за име, на земјата го добиваат она што го сакаат (рекламата), но на небото не добиваат ништо. Главната мисија на Мајка Тереза беше скромност и хуманост, да им помогне на оние кои имаат потреба”, рече Ристов. (КОХА)