РКЕ одлучи: Горивата поевтинуваат за половина до 1 денар

0

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) одлучи да ги намали цените на нафтените деривати за 0,85 отсто при што цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 0,50 ден./лит, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 1 денар, а цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 останува непроменета.

Според одлуката на РКЕ, од ноќеска на полноќ бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и натаму ќе се продава по 105,5 денари/литар, бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе чини 107,5 денари/литар, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе чини 100 денари/литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 1,50 ден/литар и сега ќе се продава по 98 денари за литар, а малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,661 ден/кг и сега ќе изнесува 50,903 ден/кг.