Роден во БиХ, живее во Србија, игра за Црна Гора

9

Овој фудбалер му даде три гола на Реал, а оправдано го нарекуваат „босански лонец“.
Црногорскиот репрезентативен напаѓач Дејан Дамјановиќ во интервју за српски „Телеграф“ кажа многу интересни случки од неговата кариера, а објасни и зошто избрал да игра за Црна Гора, кога е роден во Мостар и живее во Србија.

Чести се случаите на Балканот спортисти родени во една, да играат за репрезентациите на друга земја, особено знае да биде измешана работата кај тие што се родени во Босна и Херцеговина.

„Мене пријателите ме викаат босански лонец. Татко ми е Црногорец, имам роднини во неговото село, таму сите се презиваат Дамјановиќ. Имав можност да бирам меѓу три репрезентации и веднаш се одлучив за Црна Гора“, вели Дејан, кој имаше 30 настапи за Црна Гора, последен пат пред четири години, а сега има 38 години и веќе долго игра во азиски клубови, па Марчело Липи за него вели дека е азиски Ибрахимовиќ.

На еден пријателски меч, Дамјановиќ му има дадено три гола на вториот тим на Реал Мадрид, во времето кога на Кастилја тренер ѝ беше Зинедин Зидан.

„Не ни беше до играње, сакавме да се сликаме со Зидан. За жал, тој не се појави. Мечот го договори газдата на мојот клуб Пекинг, кој е пријател со Флорентино Перес. Дадов три гола, беше супер. Потоа гледавме Реал – Севилја од првиот ред до теренот. Прошетавме и низ салата за трофеи, тоа е чудо, сите се смешни во однос на Реал, како да не играме ист спорт. Ни дадоа дресови, јас сакав потпис од Бензема, не сакав од Роналдо. По дедет дена ми стигна дрес со потпис и посвета од Бензема“, раскажува Дамјановиќ за случка од пред пет години.