Романија 961 новозаболено лице, Босна и Херцеговина 189, Хрватска 275, Бугарија 96, Северна Македонија 137

21

Според податоците до синоќа, во светот со новиот коронавирус досега се заразени 23.469.609 лица. Од нив починале 810.242, а оздравеле 15.989.044 луѓе.

Во изминатите 24 часа во Босна и Херцеговина регистрирани се три смртни случаи од последици од Ковид-19, со што вкупниот број на починати се искачи на 530. Во истиот период пријавени се 189 новозаболени лица. Од почетокот на епидемијата во БиХ со Ковид-19 инфицирани се 17.811 човек.

Во Романија за еден ден пријавени се 961 нови случаи, со што вкупната бројка на заразени од почетокот на пандемијата изнесува 78.505. Во изминатите 24 часа од последици со новиот коронавирус починаа 39 луѓе, со што вкупниот број на смртни случаи се искачи на 3.272.

Во Србија во изминатите 24 часа починаа три лица од последици од новиот коронавирус, со што вкупниот број на смртни случаи изнесува 698. Додека потврдени се 109 нови случаи.

Во Хрватска денеска се забележани 275 нови случаи со Ковид-19, со што вкупниот број на заразени лица се искачи на 8.175. Досега оздравеле 5.801, а починале 171 лице.

Во Црна Гора во последните 24 часа се потврдени 32 нови случаи на коронавирус,

Во Бугарија за еден ден евидентирани се 96 нови случаи, со што вкупната бројка се искачи на 15.227 инфицирани луѓе со Ковид-19. Помеѓу новозаболените е и бугарскиот министер за млади и спорт Красен Кралев. Во изминатите 24 часа шест лица починаа од последици од новиот коронавирус, со што вкупната бројка на смртни случаи се искачи на 545.

Кај на дп вчера беа регистрирани 137 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-53, Куманово-19, Штип-8, Тетово-4, Струга-2, Велес-6, Битола-7, Гостивар-10, Гевгелија-2, Струмица-1, Крива Паланка-2, Пробиштип-2, Македонски Брод-3, Берово-2, Делчево-5, Свети Николе-6, Кичево-3, Неготино-2.