Романски новинар е номиниран за Нобеловата награда за мир за неговиот придонес во разоткривањето на организираниот криминал и политичката корупција, пишува веб-страницата Зиаре.
Пол Раду е ко-основач на таканаречениот проект за известување за организиран криминал и корупција (OCCRP), глобална мрежа на истражувачки новинари кои ги објавуваат своите стории преку локалните медиуми и на англиски и руски преку својата веб-страница.
-Фокусирани сме на истражување на глобалниот и локалниот организиран криминал и корупција. Нашата организација е стара повеќе од 15 години. Почнавме со седум луѓе во 2006 година. Денес имаме вработени во Латинска Америка, Азија. Ние сме на шест континенти. Почнав во Источна Европа, со Романија и Босна и Херцеговина, со Балканот. Но, ако истражувате организиран криминал, ќе стигнете до Латинска Америка, САД, Велика Британија. Ќе стасате секаде, коментира Пол Раду. Една од последните големи истраги е за Панамските документи.
Предлогот за номинација за Нобеловата награда го даде професорот Волфганг Вагнер. Тој тврди дека со разоткривањето на организираниот криминал и корупцијата, мрежата на новинари дала огромен придонес за мирот.
– Беше неочекувано. Номинацијата дојде од професор во Амстердам, од еден од најпрестижните тамошни универзитети. Ни испратија мејл и не известија дека имаат можност да номинираат за Нобеловата награда“, додаде Пол Раду.